Велешки „Жито Вардар“ остана без струја

Објавено на 30 јануари, 2014 во 16:19

Најголемиот производител на леб во општината нема електрична енергија во своите погони. Како што неофицијално дознаваме намаленото производство на основниот производ сега се реализирало со помош на агрегат. Така сега дневно се произведувале 5 илјади наместо три пати повеќе векни леб. Денеска менаџерите  не беа достапни на телефон за да ги потврдат или отфрлат овие информации.

Од  ЕВН рекоа дека е точна информацијата за прекинатата електрична енергија во „Жито Вардар“. Според портпаролот Атанас Ковачевски досега ЕВН во неколку наврати,  поради  сложеноста на производството на фирмата, направила договор долгот да се плати на рати. Бидејќи не бил испочитуван договорот ЕВН на „Жито Вардар“ му ја исклучило струјата во сите објекти и производствени погони.

– Штом фирмата го плати заостанатиот долг веднаш ќе биде приклучена на електроенергетскиот систем во државата, рече Ковачевски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.