Железничката станица ја чека долго најавуваната реконструкција

Објавено: 5 февруари, 2014, во 13:23 часот

Чекалната, билетарниците и тоалетите на железничката станица во Велес ќе добијат нов изглед. Ќе се поправа и пристапот до пероните. Тоа ќе се финансира од страна на државата со пари од европските фондови. На реконструкција ќе подлежи и  улицата до станицата и кружниот тек. Таму ќе засветат нови улични светилки и ќе биде поставена нова урбана опрема. Тоа ќе треба да го направи општината. Засега само не се знае кога ќе почнат градежните работи.

На денешната прес конференција на владеачката партија беше соопштено дека подобрената инфраструктура ќе се овозможи над две илјади студенти, ученици, работници посигурно и побезбедно да стигнат на своите факултети, училишта и работни места.

Владата вети дека ќе го поднови и возниот парк преку набавка на шест нови патнички возови во кои ќе можат да се превезуваат 1200 патници. Ќе се купат и 150 товарни вагони.

Наредниот месец ќе се избира компанија која ќе ги произведе и достави шесте нови композиции кои би требало да бидат готови за година ипол. Половина од планираните товарни вагони пак треба да пристигнат во јули годинава. Оваа инвестиција Владата ќе ја чини дваесет и осум милиони евра од кои 13,2 за набавка на товарните, а околу 24 милиони евра за патничките возови./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.