Велешанец фатен пијан и без дозвола, физички нападнал полицаец

Објавено на 13 мај, 2025 во 14:04

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес синоќа околу 00:35 часот на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес го лишиле од слобода 26-годишниот А.Д. од Велес, откако тој со голема брзина управувал патничко возило од марката „Нисан“ со велешки регистарски ознаки, при што предизвикал опасност за останатите учесници во сообраќајот.

Од СВР Велес информираат дека при обидот за контрола, А.Д. одбил да се подложи на алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници, удирајќи по службеното возило, а потоа физички нападнал и еден од полицајците.

-А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека
тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта, информира портпаролката на СВР Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител, а против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а и за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. Исто така, ќе се соочи и со прекршочни пријави по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.