Велешанец фатил крадец на тераса од дом и го задржал до доаѓање на полиција

Објавено на 8 јуни, 2025 во 11:41

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 16:10 часот, го лишиле од слобода Б.Ј.(45) од Велес пријавен од Г.С.(50) од Велес дека со употреба на сила се обидел да ја отвори балконската врата на неговиот дом и откако не успеал од терасата земал кутија со предмети за домаќинство.

„Г.С го забележал и задржал Б.Ј до доаѓање на полицските службеници. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По документирање на настанот против Б.Ј. ќе биде поденсена соодветна пријава,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.