Велешанец физички го нападнал својот татко
Објавено: 10 ноември, 2025, во 12:35 часот
Дваесет и едно годишен велешанец, утрово, во 09:05 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес.
Како што пишува во дневниот билтен тој бил пријавен дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 54 годишен татко.
-Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


