Велешанец физички ја нападнал својата мајка по што и се заканувал со остар предмет
Објавено: 15 декември, 2025, во 11:29 часот
Четириесет и едно годишен велешанец бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Велес по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 58 годишна мајка по што и се заканувал со остар предмет.
-Тој е задржан во полициска станица, а предметот е пронајден и одземен. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


