Велешанец физички ја нападнал својата малолетна ќерка, се обидел да употреби и дрвен предмет
Објавено: 14 октомври, 2025, во 14:10 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес лишиле од слобода 38 годишен маж од велешко село постапувајќи по претходна пријава.
Како што пишува во дневниот билтен велешанецот во својот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка и се обидел да употреби и дрвен предмет но бил спречен од неговата мајка.
-Полициските службеници го лишиле од слобода во 18:05 часот и го привеле во полициска станица. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде порнесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Убавка Јаневска


