Велешанец каснат од бездомно куче
Објавено на 18 август, 2021 во 11:09
Во Полициска станица Велес четириесет и седум годишниот А.Н вчера, 17 август, пријавил дека на улица „Панко Брашнаров“ бил каснат од бездомно куче.
Од Сектор за внатрешни работи Велес, исто така, иформираат дека во последното деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се четворица велешани и против нив е поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева