Велешанец крадел од црквата „Свети Спас“
Објавено на 13 декември, 2022 во 10:40
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес вчера, го лишеле од слобода триесет годишниот М.З од Велес. Како што соопштија од Министерство за внатрешни работи, тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црквата „Свети Спас“ во Велес.
Исто така, по преземени мерки било констатирано дека тој на 10.12.2022 од истата црква одзел пари.
Велешанецот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк