Велешанец нападнал сограѓанин и оштетил автомобил

Објавено на 28 јануари, 2022 во 11:39

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, околу 21:20 часот, го привеле четириесет годишниот С.Б од Велес којшто еден час претходно на улица „Димитар Влахов“ во Велес со метален предмет го нападнал дваесет годишниот Д.А од Велес по што оштетил и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки во сопственост на велешанецот К.М.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека С.Б е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.