Велешанец приведен за возење нерегистриран мотоцикл без возачка и маж за издржување казна затвор во населба Горно Оризари

Објавено: 23 мај, 2026, во 13:31 часот

Во изминатите 24 часа во билтенот на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес регистрирани се две приведувања на двајца мажи. Првиот затоа што возел нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола и вториот поради тоа што требало да издржува казна затвор за напад врз полициски службеник.

„На 22.05.2026 во 11:20 часот на ул.„Никола Оровчанец“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.З.(43) од Велес. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување. Тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.К.(48) од с.Горно Оризари, велешко. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен Суд Велес за издржување на казна затвор од десет месеци за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната,“ соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.