Велешанец пробал да краде од трафостаница на ЕВН, по што настанала експлозија
Објавено на 9 ноември, 2022 во 11:15
Четириесет и четири годишниот велешанец С.М со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН но не успеал. Потоа, настанала експлозија откако се обидел да исече кабли. Според Сектот за внатрешни работи Велес, С.М се сомничи дека делото го извршил на 05 ноември, годинава, околу 22:40 часот на улица „8-ми Септември“.
Инаку, велешанецот е лишен од слобода вчера, во 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес.
С.М е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Дума.мк