Велешанец со повеќе сршеници итно транспортиран на КАРИЛ, по сообраќајката кај Венуле
По прегледите на Одделението за хирушки болести и резултатите од рентгенските снимки, направени на Одделението за Рентген, еден пациент, е итно пренесе на скопски КАРЛ. Повредениот маж, на 58 годишна возраст, се здобил со повеќе скршеници на рамо и граден кош во сообраќајката на патот Велес – село Венуле откако неговиот автомобил се излизгал од подмрзнатиот пат.
-Поради сериозноста на здобиените повреди по здравјето на пациентот, лекарски тим на Одделението за хирушки болести, одлучи пациентот како итен случај да биде пренесен на КАРИЛ, рече др Елена Левкова Ќулумова портпаролка на велешка болница.
Исто така, таа информираше дека двете сопатнички во возилото на потешко повредениот маж биле прегледани и потоа пуштени на домашно лекување.
Др Левкова Ќулумова соопшти дека денеска во Општа болница Велес вкупно било интервенирано на шест пациенти како последица на две сообраќајни незгоди. Втората која што се случи на јужниот излез на Велес, во близина на „Агрија“, во која мајка го управувала автомобилот и со неа патувале две и малолетни деца,исто така, се прегледани и пуштени на домашно лекување. Лекарите кај нив констатирале полесни повреди.
Убавка Јаневска