Велешанец возел автомобил со туѓи таблички, сообраќајна полиција го лишила од слобода
Објавено на 11 декември, 2024 во 13:02
Полициски службеници на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 14:45 часот го лишиле од слобода А.Д.(28) од Велес.
-При контрола на патничко возило „форд фокус“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д., било утврдено дека регистарските таблички поставени на возилото се од друго возило. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева