Велешани од населба „Тунел“ реагираат на долгата поправка на сообраќајниците,од општината бараат трпение  (фото)

Објавено на 13 март, 2023 во 17:05

Сообраќајниците како и тротоарите се целосно раскопани и не се одвиваат брзо градежните работи на дел од улицата „Благој Ѓорев“ и на „Жифко Фирфов“, трвдат граѓани коишто живеат во овој дел на Велес. Тие се жалат дека од детската градинка „ДимчеМирчев“, во населба Тунел, се до серпентините кај населба Превалц не е возможно да се возат автомобили или да се пешачи по тротоари. Дел од нив во порака и напишаа на редакцијата на Дума.мк  жалејќи се и на дефекти на возилата.

Дума.мк доби одговори на новинарските прашања од Општина Велес во кои не се прецизира до кога ќе завршат градежните работи ссо дообјаснување дека  не зависеле само од нив туку и од Минитерството за транспорт и врски.

„Во тек е проект за реконструкција на коловозот од улиците и тротоарите на „Благој Ѓорев“ како и на дел од „Жифко Фирфов“. Бидејќи се работи за темелна реконструкција којашто опфаќа комплетно одстранување на асфалт , тампонски материјал , рабници, постоечки тротоари, како и предвидено ставање на нов слој на тампон , два слоја асфалт, рабници, тротоари од павер елементи. Улицата Благој Ѓорев претставува дел од регионален патен правец R1312. Во случајов инвеститор на работите е Министерство за транспорт и врски , со средства обезбедени од Светска банка . Бидејќи се работи за темелна реконструкција , потребното време за изведување на градежните работи е подолго отколку кога се работи само за гребење и асфалтирање на коловоз на улиците . Во интерес на квалитетно изведување на планираните градежни работи , неопходен е ваквиот начин на изведување на работите, пишува во одговорот на Општина Велес.

Според нив, рокот за изведување на работите  како и динамиката и начинот на кој истите ќе ги изведува изведувачот, ги одобрува инвеститорот Министерството за транспорт и врски како и надзорниот орган избран од страна на инвеститорот . Од општината  додадоа дека при изведувањето на градежните работи се врши регулирање на сообраќајот според проект за времен режин на сообраќај одобрен од Министерство за внатрешни работи и Сектор за внатрешни работи Велес.

Не станува збор за одолговлекување на работите , туку за редослед на изведување на работите , а имајќи ги во предвид и временските услови кои директно влијаат на времето на изведување, додадоа од општината. Исто така  посочија дека граѓаните имале алтернатива и за возила и за пешачење по улицата „Луј Пастер“ , како и останатите во населба „Керамидна“, по дел од улицата „Белградска“ , по „Невена Георгиева Дуња“ и „Живко Фирфов“.

Но за граѓаните од населба „Превалец“ нема алтернативно решение.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.