Велешани од населба „Тунел“ реагираат на долгата поправка на сообраќајниците,од општината бараат трпение (фото)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Tunel1sologo-.png)
Сообраќајниците како и тротоарите се целосно раскопани и не се одвиваат брзо градежните работи на дел од улицата „Благој Ѓорев“ и на „Жифко Фирфов“, трвдат граѓани коишто живеат во овој дел на Велес. Тие се жалат дека од детската градинка „ДимчеМирчев“, во населба Тунел, се до серпентините кај населба Превалц не е возможно да се возат автомобили или да се пешачи по тротоари. Дел од нив во порака и напишаа на редакцијата на Дума.мк жалејќи се и на дефекти на возилата.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Untitled-design-2023-03-14T112930.053.png)
Дума.мк доби одговори на новинарските прашања од Општина Велес во кои не се прецизира до кога ќе завршат градежните работи ссо дообјаснување дека не зависеле само од нив туку и од Минитерството за транспорт и врски.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Tunel4sologo-.png)
„Во тек е проект за реконструкција на коловозот од улиците и тротоарите на „Благој Ѓорев“ како и на дел од „Жифко Фирфов“. Бидејќи се работи за темелна реконструкција којашто опфаќа комплетно одстранување на асфалт , тампонски материјал , рабници, постоечки тротоари, како и предвидено ставање на нов слој на тампон , два слоја асфалт, рабници, тротоари од павер елементи. Улицата Благој Ѓорев претставува дел од регионален патен правец R1312. Во случајов инвеститор на работите е Министерство за транспорт и врски , со средства обезбедени од Светска банка . Бидејќи се работи за темелна реконструкција , потребното време за изведување на градежните работи е подолго отколку кога се работи само за гребење и асфалтирање на коловоз на улиците . Во интерес на квалитетно изведување на планираните градежни работи , неопходен е ваквиот начин на изведување на работите, пишува во одговорот на Општина Велес.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Tunel2sologo-.png)
Според нив, рокот за изведување на работите како и динамиката и начинот на кој истите ќе ги изведува изведувачот, ги одобрува инвеститорот Министерството за транспорт и врски како и надзорниот орган избран од страна на инвеститорот . Од општината додадоа дека при изведувањето на градежните работи се врши регулирање на сообраќајот според проект за времен режин на сообраќај одобрен од Министерство за внатрешни работи и Сектор за внатрешни работи Велес.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Tunel3sologo-.png)
Не станува збор за одолговлекување на работите , туку за редослед на изведување на работите , а имајќи ги во предвид и временските услови кои директно влијаат на времето на изведување, додадоа од општината. Исто така посочија дека граѓаните имале алтернатива и за возила и за пешачење по улицата „Луј Пастер“ , како и останатите во населба „Керамидна“, по дел од улицата „Белградска“ , по „Невена Георгиева Дуња“ и „Живко Фирфов“.
Но за граѓаните од населба „Превалец“ нема алтернативно решение.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)