Велешанка со автомобил удрила дете на пешачки премин и избегала, полицијата ја пронашла

Велешанката со своето возило го удрила детето на пешачи ремин на улица „Благој Ѓорев“ пред црква „Свети Кирил и Методиј“. Таа избегала од местото на сообраќајката. Полицијата успеала да ја пронајде.
-На 05.03.2025 во 13.30 часот во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес. Имено, во 06.55 часот на обележан пешачки премин на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, со патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Според д-р Биљана Босилкова, портпаролка на Општа болница Велес, лекар констатирал лесни телесни повреди со којшто детето пешак се здобило од ударот на возилото.
-Пациентот поточно детето во болницата било примено во 08:00 часот, кога било прегледано од специјалист трауматолог кој што по прегледот го упатил на рентген снимање. Резултатите покажале дека на неговото тело нема скршеници и не биле констатирани потешки повреди. Детето било испратено на домашно лекување, соопшти д-р Босилкова.
Убавка Јаневска
