Велешката полиција лиши од слобода крадец, дел од предметите вратени на сопственикот

Објавено на 30 октомври, 2025 во 11:52

Полициски службеници вчера, во 11:50 часот го лишија од слобода А.Р.(34) од Велес, поради сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“.

-Тој се сомничи дека од продажен објект во Велес, со употреба на сила и подесен алат, одзел  производи. При преглед кај него биле пронајдени дел од производите и биле вратени на сопственикот. А.Р. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.