Велешката полиција лишила од слобода четворица мажи од село Бузалково за недозволено држење на оружје и незаконит лов

Објавено: 27 јануари, 2026, во 12:59 часот

На место викано „Бреза“, во атар на село Бузалково, велешко, полициски службеници на Сектор за внтаршешни работи Велес, пред два дена, во попладневните часови, ги лишиле од слобода З.С.(57), З.С.(27), М.С.(23) и М.Ј.(41), сите од село Бузалково.

„При преглед на трактор, управуван од 57-годишниот З.С., биле пронајдени и одземени ловечка пушка и три патрони. Исто така, извршен е и преглед на патничко возило „лада нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.С., а сопатници биле М.С. и М.Ј., при што се пронајдени и одземени 16 ловечки патрони и други предмети. Вчера, 26 јануари, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, со судска наредба, извршија претрес во домот на 57- годишниот З.С., каде биле пронајдени и одземени резервна цевка за ловечка пушка и дозвола за оружје. Со судска наредба е извршен претрес и во домот на М.С., каде биле пронајдени и одземени дозвола за оружје на име О.С.(52) од село Бузалково, репетирачко долго огнено оружје „Mossberg“, полуавтоматско кусо огнено оружје „Zastava“, полуавтоматско долго оружје „Browing“, карабинска муниција, 188 парчиња пиштолска муниција, 68 парчиња ловечка муниција, потврда за пријавено оружје и пневматско оружје „Hatsan“. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.