Велешката полиција приведе тројца мажи и двајца малолетници кај кои била пронајдена дрога

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 16:00 часот ги лишеле од слобода триесет и две годишниот В.М и десет години помладиот Ј.А како и двајца малолетници, сите од Велес. При извршен преглед кај В.М била пронајдена и одземена зелена растителна материја.
– Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а со малолетниците бил извршен разговор во присуство на социјален работник и родители. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Четириесет минути подоцна полициските службеници од истиот отсек го лишеле од слобода и 44 годишниот велешанец Д.Д кај кого биле пронајдени и одземени таблети. Велешанецот бил предаден на затворска полиција Велес и бил пренесен во КПУ Идризово – Отворено одделение Велес кадешто бил на издржување казна затвор.
-Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде
однесена кривична пријава по член 215 од Кртивичниот законик, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк
