Велешката полиција се поднови со 12 службени возила
Објавено: 1 јануари, 2026, во 12:32 часот
Дванаесетте нови службени возила за потребите на македонската полиција ги обезбеди Министерството за внатрешни работи.
„Возилата ќе придонесат за поефикасно извршување на службените задачи и побрза интервенција и мобилност на полициските службеници. Новите возила се со современи технолошки карактеристики и се дел од заложбата на Министерството за внатрешни работи за подобрување на условите за работа,“ соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.
Убавка Јаневска


