Велешки Црвен крст повторно добитник на националното Годишно Признание за крводарување

Објавено на 29 октомври, 2025 во 09:39

Со реализирани 27 крводарителски акции и остварени 3.839 крводарувања, во кои се внесени и самоиницијативните дарувања на крводарителите во Одделение за Трансфузиологија во Општа болница Велес, Општинската организација на Црвен крст Велес добитник е на јубилејно Признание за исполнет план за крводарување за 2024 година. Како и во изминатите така и минатата година Годишниот план не само што е исполнет туку е и двојно натфрлен или попрецизно изнесува 204 %. Секретарот Орце Николов вели дека признанието е заслужено и им припаѓа на сите хумани Велешани, крводарители, кои несебично ја покажуваат својата хуманост и во голем број ги поддржуваат организираните крводарителски акции.

-Ова е уште еден доказ за хуманоста на велешани и несебичната поддршка на крводарителството. Признанието е потврда и за нашата посветеност, хуманост и континуитет во промоцијата на доброволното крводарување. Секако најголема благодарност упатуваме до крводарителите и нашите соработници со чија што помош ги реализираме сите крводарителски акции, додаде Николов.

Признанието е традиционално и секоја година го доделува Црвен крст на РСМ на сите Општински организации кои исполнуваат 1.861 или остваруваат повеќе крводарувања во годишниот План. Велешката организација во континуитет го добива признанието повеќе од две децении.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.