Велешки „Дервен“ набави ново возило
Објавено на 11 јуни, 2021 во 14:23
За обезбедување на поголема хигиена во градот и во исто време заштита на животната средина, ЈКП „Дервен“ набави ново специјално возило за собирање на смет. Автосмеќарот од марката „Рено D280“ е со вкупна зафатнина на смет од 5м3. Тоа значи дека ова возило е комбинирано специјално возило наменето за празнење на контејнерите и на подземните контејнери во градот.
Набавката на возилото што ќе го користи секторот Комунална хигиена на велешкото јавно комунално претпријатие чини 5.800.000 денари без ДДВ. Јавното претпријатие набавката ја реализираше со сопствени средства. Граѓаните веќе деновиве ќе имаат можност да го видат возилото како го собира сметот од контејнерите низ велешките улици.
Стефани Манева