Велешките гимназијалци оддадоа почит на трагично загинатите во кочанската дискотека (фото)

Објавено на 17 март, 2025 во 12:28

Учениците на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес заедно со професорите и вработените претпладнево, на третиот час,  организирано излегоа во училишниот двор и оддадоа последна почит на трагично загинатите во пожарот во кочанската дискотека.

-По едноминутното молчење, сите заедно запаливме свеќи и во поставената кутија учениците имаа можност да ги вметнат своите лични пораки со кои се простија од врсници и од останатите загинати во оваа голема трагедија во државата, рече директорот Иле Попов за Дума.мк.

Од настанот беше испратена и генералната порака: „Ангели летајте далеку, а ние тука ке ви запалиме свеќи да ви го осветлиме патот негде таму горе…“

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.