Велешките пожарникари изгаснале пожар на депонија во Градско на која гореле запалени гуми

Објавено на 2 февруари, 2024 во 10:12

Пожарникарите од ТППЕ Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација со ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, изгаснале пожар на депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми.

-При интервенциите биле користени конбинирано против пожарни средства, а потоа комуналното претпријатие ЈКП „Клепа Градско“ интервенирало со затрупување на опожареното место, по што пожарот е локализиран, а дежурни останале за да се следи состојбата до крајот на денот, соопштија од Центар за управување со кризи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.