Велешките пожарникари извадиле леш од река Вардар, ОЈО Велес превзело истражни мерки
Објавено: 30 ноември, 2025, во 18:37 часот
Дојава за откриен леш во водите на река Вардар, кај село Уланци, во Територијалната против пожарна единица во Велес примиле попладнево, во 14: 30 часот. Пожарникарите веднаш се упатиле кон посочената локација.
„Територијална против пожарна единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување лешот е изваден од водите на реката Вардар и предаден на службите,“ соопштија од ТППЕ Велес.
Информацијата ја потврди Јавната обвинителка на ОЈО Велес, Цветанка Богоевска која што првично соопшти дека биле превземени истражни мерки меѓу кои и за утврдување на идентитетот на лешот со обдукција.
Убавка Јаневска


