Велешките пожарникари спречија уште еден пожар, овој пат кај Оморани и Теово, апелираат на претпазливост

Објавено на 24 јули, 2025 во 09:22
Фото: Архива

Територијалната противпожарна единица од Велес, ноќеска 10 минути по полноќ примила дојава за избувнат пожар помеѓу селата Оморани и Теово.

На терен веднаш излегло едно противпожарно возило со тројца пожарникари-спасители. Благодарение на нивната брза и ефикасна интервенција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово проширување и можност за поголема материјална штета или загрозување на животната средина.

Од Противпожарната служба апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни во летниот период, кога постои зголемен ризик од пожари, и да пријавуваат секое сомнително чадење или оган. Исто така додаваат доколку се забележи пожар веднаш да се пријави на 193.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.