Велешкото музичко училиште носи три ученици на „Маца Овчарова“ во Италија

Објавено на 8 мај, 2023 во 12:31

Во програмата Еразмус + втор пат се вклучува и велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“. Со проектот „Музика во инклузија“ овој пат училиштето им овозможува и на три дечиња од ОУРЦ „Маца Овчарова“, чии талент го откриваат тие, денеска да отпатуваат во Италија. Нивна придружба ќе бидат директорката на училиште Габриела Бачманова,  професорот по музичко образование Илија Настовски, дефектологот Елена Трајанович и нивните родители.

Целта на проектот е во програмата за музички училишта да бидат вклучени и дечињата со посебни потреби бидејќи неколку години наназад инклузијата е вметната во образовниот систем, но музичките училишта се изоставени.

-Многу сме среќни што проектот ни беше оценет со 98 поени, склопивме парнерства, првото со Институт „Гаспаре Спонтини“  во Италија од градот Асколи Пичено  и второто од Фрација од градот Тулуз поточно со Институт за музика „Топофон“.  Целта ни е да се запознаеме со европските искуствата, врз основа на кои програми работат, за да ги  примениме. Тоа значи дека ќе подготвиме предлог програма којашто ќе ја испратиме на македонските Министерство за образование и Биро за развој со цел во процесот на инклузија да се вклучат и музичките училишта, рече директорката Бачманова.

Проектната идеа е нејзина и на професорот Илија Настов и ќе се реализира во време траење од 18 месеци. Велешкото музичко училиште ќе биде исто така и домаќин на гостите од Италија и Франција а потоа ќе гостува и во градот Тулуз во Франција.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License