Велев: Бараме јавна набавка на 1.000 сензори за континуирано мерење на гликемија и поактивно влучување на Владата и Премиерот (Видео)

Објавено на 6 март, 2025 во 15:27

Следејќи ги активностите на надлежните институции и Владата на Македонија, за здарвство  во реализација на годишните програми за справување со болеста, во државата за 2025 година, а во контекст на подготовките за нова набавка на системи за мерење на гликемија кај лицата со дијабетес на инсулунска терапија, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, денес достави јавни барања до Христијан Мицкоски, Претседател на Владата, Арбен Таравари, Министер за здравство и Националната комисија за дијабетес за потребата од придржување на минумум квалитет по стандари на глукомери, ленти за мерење шеќер во крвта и CGM ситеми – сензори, за сите 40.000 лица со Дијабетес на инулинска аптека, од кои 4.000 со Тип1 за кои бараме CGM – сензори.

Претседателот на ова македонско здужение барањето го образложува со тенденцијата на Светска здравствена организација која налага секоја година да се зголемува бројката за 40 отсто на сензори за континуирано мерење на гликемија во крвта на граѓани заболени од дијабетес.

Конкретно, годинава, според Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, ќе се распишува редовна јавна набавка за глукомери, ленти и сензори, за коишто се бара главни минимални критериуми да се квалитет пропишпан по Европската агенција за лекови „ЕМА“ и да се усогласени со Американската агенција за лекови АДА. Исто така, се бара пропишување на главен критериум да се минимални стандарди а не минимална цена, согласно расположливоста на достапност на глукемри, ленти и сензорски системи, регистрирани во МАЛМЕД.

За Сојузот, исто така, останува приоритетно барањето за трансформација на моделот за достапност на глукомери и ленти до секој пациент Тип 2 на инсулин во аптеките по „референтна цена“ без одлагање, согласно ЕУ правилата и намерите на Министерството за здравтво и Министерот за здравство уште оваа година, имајќи во предвид дека се работи за префрлање на надлежност кон ФЗОСМ со подзаконски акт и тоа да се спроведе најбрзо. 

Од Сојуз на здруженија на дијабетичари наагласија дека останувањето на истите правила за набавка на глукомери и ленти, како и досегашните набавки, ќе овозможат најнеквалитетни глукомери и ленти, кои според нив повеќе не се произведуваат и не се ни препознаени во регионот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.