Велигден во Велес: Распоред на литургии и цркви

Објавено на 17 април, 2025 во 13:02

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово, Велешкото архијерејско намесништво при Повардарската епархија на МПЦ-ОА го објави распоредот на богослужбите што ќе се одржат во велешките храмови. Верниците ќе имаат можност да присуствуваат на повеќе празнични литургии и вечерни служби, што ќе ги предводи митрополитот Повардарски, г. Агатангел.

Велика Сабота – 19 април 2025

Во пресрет на Воскресението Христово, на Велика Сабота, со почеток во 23:00 часот, ќе се одржи свечена Златоустова Литургија во четири велешки храмови:

  • „Св. Вознесение Христово“
  • „Св. Јован Крстител“
  • „Св. Кирил и Методиј“
  • „Св.Великомаченик Пантелејмон“

Велигден – 20 април 2025

На самиот ден на Христовото Воскресение, недела, 20 април, ќе се одржи утринска света Златоустова Литургија во храмот „Св. Богородица“ со почеток во 07:30 часот.

Во 09:00 часот, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ ќе се служи вечерна богослужба по повод Второ Воскресение, со читање на Воскресенското Евангелие на повеќе јазици. И оваа служба ќе ја предводи митрополитот г. Агатангел.

Светла седмица

Празнувањето продолжува и во Светлата седмица. На 24 април (четврток), во 18:00 часот, ќе се одржи празнична вечерна служба во манастирот „Св. великомаченик Димитриј“.

Следниот ден, на 25 април (петок), по повод Балаклија – Источен Петок, во истиот манастир ќе се служи Света Златоустова Литургија заедно со Воскресенски Водосвет. Службата ќе започне во 08:15 часот, а ќе чиноначалствува митрополитот г. Агатангел.

Верниците се покануваат со духовна радост да се вклучат во овие свечени богослужби и заеднички да го прослават Воскресението Христово.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.