Вицепремиерот Бетиќи: Нема да поскапи струјата

Општеството во коешто живеат македонските граѓани, според вицепремиерот Фатмир Бетиќи, е подложно на лажни вести коишто се пласираат секојдневно и се премиер за неразумно однесување. Тој како лажна вест, ја окфалификува информацијата што ја пренесоа некои медиуми дека ќе поскапи електричната енергија во државата.
-Поскапување на електричната енергија нема да има. Затоа имаме намалување на ДДВ на електричната енергија од минатиот вторник од 18% на 5%, коешто во 2022 година ќе се врати на 10% , во 2023 година ќе се врати на 18% со цел токму граѓаните да не го почуствуваат како покачување на струјата, рече Бетиќи.
На новинарското прашање дали МЕПСО од оваа владина одлука, ќе генерира загуби, Бетиќи со убедлив одговор за МЕПСО којшто нема да прикаже загуби како и дека ЕСМ не би требало да има загуби од тоа што граѓаните нема да плаќаат повисока цена на електрична енергија.
-Владата вчера ја воведе еколошката такса што би значело инвестирање, во суштина во енергетско ефикасни објекти, во обновливи извори на енергија, затоа што сите сакаме да живееме во општество, во земја, во којашто ќе имаме почиста животна средина и почист воздух. Тоа не е возможно ако денеска не се инвестира. На нашите деца после десет години ќе им го оставиме тоа што денеска сме го посеале. Повисока еколошка такса значи дека нема поскапување на горивата ниту на електричната енергија. Но како што одиме во инвестиции, во зелената енергија, нормално е да очекуваме во наредните години постепено да расте цената на електричната енергија, дадоде Бетиќи.
Вицепремиерот потенцираше дека Македонија е земја во којашто електричната енергија е најефтина во споредба со сите земји на Европска Унија како и со земјите во регионот.
Убавка Јаневска
