(Видео и фото) Манасков: Денот на нашиот патрон Блаже Конески посветен е на најзначајната личност од современата македонска историја
Знаењето е главното оружје на човекот во 21 век со кое може да се брани и да освојува, да владее и да служи, да создава и да прави промени. На 21 декември, денот на патрониот празник на ООУ „Блаже Коневски“, директорот Јованче Манасков потсети на ликот и делото на патронот притоа потенцирајќи ја неговата заслуга и придонес за значењето на македонскиот јазик којшто е суштествен дел од идентитетот и државотворноста на македонскиот народ. Исто така Манасков ги издвои и сите успесите што училиштето, поточно учениците и наставниците, ги постигнаа во годината која изминува. Особено знаењата стекнати во образовниот процес во прилагодување на современиот начин на живеење кое создава нови генерации на едуцирани граѓани подготвени да носат мудри одлуки и сплотено да живеат во локалната заедница.
На свечена манифестација под мотото „Снегулки рој, желби безброј“ стотина ученици учествуваа во програмата по повод одбележување на Патрониот празник на училиштето. Учениците изведоа перформанси, пееја и танцуваа во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Му напишаа и писмо на Дедо Мраз.
Манифестацијата, којашто вчера вечер се одржа во поливалентниот простор на училиштето. Просторот беше претесен за покажаниот интерес на родителите и семејствата како и поканетите гости.
Учениците го славеа својот патрон низ специјално подготвени програмски целини во кои доминираше пораката за стекнување на што поголеми и пошироки знаења за нив да создадат иднина за својот град, Велес и за својата држава, Македонија.
Во специјално креирани новогодишни костими и на посебно избрани песни учениците изведоа повеќе кореографии. Сите се радуваа на доаѓањето на Нова Година и на Дедо Мраз. Тие на сите присутни им ја подарија нивната рачно изработена честитка по повод новогодишните празници на чија предна страница е испишана пораката „Снегулки рој – желби безброј“ којашто беше и мото на програмата со која се одбележа 41 годишнина од формирањето на нивното училиште.
Убавка Јаневска