(Видео) Матичните амбуланти претворени во фотокопирници, Здружението реагира на ваквата појава и од министерот Тaравари бара воведување на е-здравство
Матични лекари секојдневно се жалат кај претседателката на Здружение на приватни лекари на Македонија дека нивните амбуланти се претворени во фотокопирници. Тие ги копираат резултатите од специјалистичките прегледи наместо во болниците кај што биле прегледани. Последната матична лекарка што денеска и испратила аудио порака на др Лили Чолакова Дервишова и кажува дека е затрупана со копирање и тоа и одзема голем дел од времето за вршење на прегледи. Исто така и финансиски ја исцрпува нејзината матична амбуланта.
Ова е нова појава, што се по често во последно време се случува, и со право предизвикува револт кај моите колеги, меѓу другото рече др Чолакова Дервишова.
На претседателката на Здружението на приватни лекари, исто така, и го предочивме незадоволството на голем број на пациенти за преголемото време кое што матичните лекари мораат да го посветат на административната работа наместо на бараниот лекарски преглед. Др Чолакова Дервишова констатира дека пациентите се во право и бара од министерот за здравство Арбен Тaравари да го воведе електронското здравство.
Убавка Јаневска