(видео) Мобилно новинарство: Високиот просек на кавадарчанката Илиева на универзитетот во Пула и обезбеди и магистарски студии
Млада и храбра девојка е кавадарчанката Викторија Илиева којашто на 18 годишна возраст донесе одлука да замине 1144 км подалеку од родниот град со цел да студира. Таа се запиша на факултетот за економија и туризам „Др Мијо Мирковиќ“ во Пула, Република Хрватска. Три години подоцна дипломираше, со висок просек, поточно оцена 4, што според македонскиот образовен систем на оценување значи просек 9.
-Го одбрав смерот „маркетинг“ бидејќи од секогаш сум била креативна, сакам да творам, цртам и слично. Никогаш претходно не бев запознаена со економијата, и најинтересна ми беше гранката маркетинг кадешто можам себе си да се изразам. После сите три години, после склопот од сите гранки на економијата, финансии, менаџмент, претприемништво и слично, видов дека многу ја сакам економијата, посебно финансиите и по завршувањето на трите години одлучив да продолжам со финансии и сметководство.
И токму оценките ,посветеноста и целта дипломиран Економист на Илиева и ги отворија универзитетските врати за магистерски студии на истиот факултет. Дваесет и едногодишната девојка, по мајка велешанка, во учебната 2023/24 година веќе е запишана на магистерскиот смер „финансии и сметководство“.
-Ќе продолжам да се образувам уште две години со тоашто три семестри или година и половина се само предмети и полагање на испити, додека како една голема предност на факултетот четвртиот семестар или последнен кој нуди платена пракса за којашто аплицираш лично или во твое име тоа го прави факултетот. Со тоа можеш да работиш во некоја фирма и да стекнеш поголемо знаење не само во теорија туку и во пракса, додаде Илиева.
Токму овие предности ги издвои Илиева како најзначајни за студирање во Хрватска. Во предности ги додаде местоположбата на факултетите во Пула, сите во еден комплекс. Во истиот простор се наоѓаат студентските домови и ресторани. Тоа и го олесни студирањето. Исто како и хрватскиот концепт на образование, многу сличен на средношколскиот во Македонија, вокоишто студентите се во групи од 10 до 20 што за универзитетските професори е предност да посветат големо внимание на секој студент, поединечно.
-Она што за мене претставува голема мотивација е тоа што факултетот има принцип на учење како во средното и основното образование бидејќи учиме секој ден континуирано. Имаме испрашувања од страна на професорите, пишување на домашни задачи, вежби и исто така имаме ограничено време, поточно на факултет сме од 08:00 до 15:00 часот. Потоа имаш можност дома да повториш или да си имаш свое слободно време, додаде Илиева.
Младата кавадарчанка вели дека по завршување на магистерските студии има желба да се врати во Македонија но само поради своето семејство. Сепак, доколку добие понуда за работа во Пула ќе ја прифати. Македонија ќе ја посетува кога ќе биде слободна.
Убавка Јаневска
Стефани Манева