(Видео) Сеопшта народна веселба на III „Мелничка исселеничка средба“ во село Мелница, Општина Чашка

Објавено: 26 јули, 2025, во 11:40 часот

Најголем број на исселеници со потекло од село Мелница има во Турција, потоа во Швајцарија, па во Германија, Шведска и Соединетите американски држави и целта на културната манифестација е тие да се поттикнат да дојдат во родниот крај, да се видат со најблиските како и да се дружат меѓусебе, рече вчера вечер на свеченото отворање на III „Мелничка исселеничка средба“ Ердован Еки Етовски. Како претседател на Здружението на граѓани „ „Мак Мел“ од Бургдорф во Швајцарија, еден од организаторите.

Оваа културната манифестација ја има поддршката на Општина Чашка. Градоначалникот Горан Стојановски ги поздрави организаторите, домаќините и гостите.

Поддршка на ваквите културни настани, обезбедува и државата преку Агенцијата за исселеништво чиј директор Горан Ангелов ја потенцираше подготовката на новата Национална стратегија за дијаспора со олеснувања за исселениците коишто ќе одлучат да се вратат во Македонија.

Културната програма на средбите ја отворија домаќините, девојките кои се фолклористки од Мелница. Македонски ора одиграа и гостите, играорки и играорци, на КУД „Тодор Јанев“ од населба Чашка и КУД „Карпош“ од Крива Паланка.

Село Мелница има своја химна. Со нејзина изведба започна народната веселба во дворот на Подрачно училиште „Тодор Јанев“.

Веселбата кулминираше со концертниот настап на македонските пејачи Сузана Гавазова и Кисми бенд.

Културната манифестација, којашто преминува во традиционална, годинава имаше најголема посетеност во споредба со претходните две години. Освен жителите на село Мелница во училишниот двор гости дојдоа од цела Општина Чашка, од Велес и од соседните градови.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.