Во Чашка асфалтирање на главната улица и набавка на две нови комунални возила
Во населбата Чашка ќе се алфалтираат уште 350 метри од главната улица „Тодор Јанев“. Улицата ќе биде со широчина на коловозната лента од пет метри, изградени тротоари како и атмосверска канализација. Општината парите ги обезбеди преку Биро за регионален развој, поточно Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Станува збор за обезбедени финаниски средства преку „Проекти за развој на селата – развојни потребни“. Од оваа државна институција Општина Чашка доби и проект за „Развој на подрачја со специфични равојни потреби“ во висина од еден милион денари за набавка на трактор со приклучна механизација што ќе го користи јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“.
-Станува збор за трактор со приклучна механизација за расчистување на регионалните патишта во областа Азот во зимски услови од снег. Исто така, неделава се очекува да биде потпишан и договор со Владата како и со фирма изведувач за изведба на нова спортска сала во село Горно Јаболчиште, во дворот на тамошното основно училиште во вредност од 24.000.000 денари. Предвидено е спортскиот објект да биде изграден за шест месеци. Станува збор за монтажен објект со дополнителна галерија поточно трибини, рече Горан Стојановки Градоначалник на Општина Чашка.
Градоначалникот и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пред пет дена исто така, потпишаа договор за спроведување на проект во висина од 3.000.000 денари за набавка и на специјално возило за комунален смет за потребите на ЈПКД „Тополка“.
Убавка Јаневска