Во еден ден два обиди во Градско за телефонски измами од 20 и 30 илјади евра, со лажни дојави за операции на ќерки

Објавено: 19 мај, 2026, во 13:21 часот

Во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера, жена и маж, пријавиле лажни телефонски дојави со кои што непознати лица се обиделе да им наплатат, на маж 20 а на жена 30 илјади евра за наводни операции на нивните ќерки. И двете лица биле од Градско.

„Во првиот случај, 69-годишник од Градско пријавил дека едно лице го контактирало телефонски, му кажало дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребно да плати 20.000 евра за да се изврши операција во болница во Скопје. Пријавителот со такси возило се упатил кон Скопје, но од страна на возачот бил предупреден дека многу лица претходно биле измамени на овој начин и случајот го пријавил во полициска станица.

Исто така, 71-годишна жена од Градско пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Општа болница Кавадарци ѝ и кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди а за да се изврши оперативен зафат требало да плати 30.000 евра. Кога стигнала пред болницата немало никој, а во разговор со нејзината ќерка дознала дека се работи за измама и случајот го пријавила во полиција,“ соопштија од СВР Велес.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настаните.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.