Во Градско државата гради „обиколница“, општината по бесплатна градинка обезбедува и бесплатен оброк за ученици

Објавено на 25 април, 2023 во 15:18

Започна изградба улицата која што жителите на Градско ја нарекуваат „Обиколница“. Општината ќе ја гради откако за изградбата тендерот го спроведе Министерството за транспорт и врски кое што обезбеди средства од Светска банка, Вкупниот буџет за изградба на улицата изнесува 7 милиони и 600 илјади денари. Градоначалникот Киро Нацков посочи дека обиколница треба да го растерети сообраќајот во Градско особено во делот на тешките моторни возила кои што минуваат низ централното подрачје на административниот центар на оваа општина за да се пренасочат по улицата која ќе ја има функцијата на „Обиколница“. Нацков исто така истакна двата проекти од социјалната сфера кои општината ја издвојуваат од останатите во државата.

– Посебно сакам да истакнам две работи по кои што сме карактеристични, односно кои што ги нема никој го Македонија до сега воведено, а тоа е прво бесплатна градинка за сите деца во Градско односно средства кои што ги обезбедуваме од буџетот на општината и со кои што во целост всушност ги плаќаме придонесите на родителите кои треба да ги одвојат за сопствените  деца за да одат во градинка. Втората работа која што почнуваме од вторник односно од 2-ри мај а тоа е бесплатен оброк, прво за децата од прво до петто одделение, рече градоначалникот Нацков.

Тој додаде дека почетокот на вториот проект е временски дефиниран на крајот на учебната година затоа што ќе биде пилот поточно во првата експериментална фаза ќе овозможи да се видат ефектите, да се измерат недостатоците и задоволството на родителите и учениците.

– Доколку сè се покаже како што треба , од 1-ви септември продолжуваме со истата пракса, значи бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение и ако е се како што треба, од  наредниот буџет, во 2024 година, тој ќе го надоградиме, што значи дека ќе се однесува на сите деца, односно од прво до деветто одделение,додаде Нацков.

Денеска на градоначалникот гостин му беше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.