Во кавадаречки дом пронајдени 55 неексплодирани детонаторски каписли

Објавено: 18 ноември, 2025, во 13:19 часот

Педесет и пет неексплодирани детонаторски каписли биле пронајдени во кавадаречки дом. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, шеесет годишниот Љ.К пријавила дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумската просторија пронашла предмети за кои се сомневала дека се експлозиви.

-Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли, додаваат од СВР Велес.

Случајот во кавадаречката полиција бил пријавен вчера, во 17:20 часот и увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.