Во недела, крводарителска акција во соработка со ЗГ „Велес Бајкинг“ – дојди и биди хуман
Објавено: 26 ноември, 2025, во 12:43 часот
Во знак на хуманост и солидарност, Здружението „Велес Бајкинг“ организира крводарителска акција која ќе се одржи во неделна, на 30 ноември во Театарот Ј.Х.К. „Џинот“ со почеток во 09:00 часот и ќе трае до 15:00 часот.
Граѓаните се повикуваат да се вклучат, да даруваат крв и со тоа да помогнат во спасувањето на животи. Од Велешки Црвен крст напоменуваат дека секој учесник треба да носи документ за лична идентификација.
„Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот!“ – е мотото на акцијата, со кое се поттикнува општествената свест и поддршка на крводарителството како важен чин на солидарност.
Сите заинтересирани граѓани се добредојдени да учествуваат и да дадат свој придонес за заедницата.
Стефани Манева


