Во притвор полициски службеник за оддавање на службена тајна
Кривичната пријава против дваесет и четири годишниот С.К. од Неготино ја поднесоа Одделението за внатрешни работи и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи.
Тие се сомневаат дека С.К ги сторил кривичните дела: „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик.
Секторот за внатрешни работи Велес, по преземени оперативни мерки и активности утврдил дека пријавениот,вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти. Тој на криумчари им кажувал каде има полициски патроли или ако бил на задача свесно ги пропуштал.
Полицискиот службеник С.К бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал кое му одредило мерка притвор.
Убавка Јаневска