Во СВР Велес пријавени две тепачки помеѓу малолетници
Објавено на 15 април, 2022 во 12:15
Во Полициска станица Велес, вчера, биле пријавени две тепачки помеѓу малолетници.
Првата тепачка во полициска станица ја пријавила четириесет годишната А.Ј.Г од Велес.
-Околу 21.00 часот на улица „Алексо Демниевски“, таа, нејзината малолетна керќа и друг малолетник биле физички нападнати од повеќе малолетници. Се работи на расчистување на случајот, соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Исто така, четириесет и шест годишниот Д.Ц од Велес, пријавил дека неговиот малолетен син и друг малолетник, по кратка вербална расправија, биле физички нападнати од повеќе малолетници на улица „Благој Ѓорев“.
Од Сектор за внатрешни работи Велес ифнормираат дека се работи на расчистување на двата случаи.
Стефани Манева