Во Велес се палат коледиња – првото разгорено е во населбата „Дворови“ (видео и фото)

Објавено: 5 јануари, 2026, во 19:14 часот

На брегот на река Вардар, во населбата Дворови, маалски другари, го запалија своето Коледе. Тие се само еден дел од друштвото кои се задолжени за редење на дрвата и распалување на пламенот, за уредување со маси и столици како и за обезбедување на просторот, особено за безбедноста на пламенот. Македонски народни песни веќе се слушаат на оваа локација. Тие имаат и кумови на коледето.

Се чека и на вториот дел од друштвото, задолжени за храната како и на сопругите со децата кои ќе стигнат подоцна, велат видно расположените присутни маалски другари. Оваа вечер за нив е и посебна, затоа што трета година по ред започнаа да се собираат сите заедно, откако дел од нив, работат во странство а се враќаат дома специјално за Коледе,за Бадник и за Божиќ.

Во овој дел на оваа велешка населба течат подготовки и за второ Коледе, второ палење на огин, од страна на група од нешто повозрасни маалски другари и соседи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.