Во велешка болница 46 ковид пациенти и четворица сомнителни
Објавено на 21 септември, 2021 во 16:42
Од вкупно хоспитализирани 64, денеска, 46 пациенти се потврдено позитивни на ковид-19 додека четворица се сомнителни. Во ЈЗУ„Општа болница“ Велес има и 14 пациенти со негативен тест но, задржани се на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 29 пациенти.
Според д-р Елеонора Јованова најголем е бројот на пациенти коишто се лекуваат на Инфективно оделение, поточно 36, во Модуларна болница има 19 додека на Интерно одделение девет пациенти.
Денеска од болницата испишани се двајца пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска