Во велешка болница дваесет и седум пациенти на кислородна поддршка

Објавено: 3 ноември, 2021, во 15:27 часот

Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 40 ковид пациенти од кои 26 се потврдени позитивни, двајца пациенти се сомнителни и дванаесет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Во текот на денешниот ден примен е нов пациенти во Модуларната болница и испишани се тројца пациенти од болничко лекување, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 27 ковид пациенти.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 24 пациенти, на Интерно одделение пет пациенти и во Модуларна болница 11 ковид пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.