Во велешка болница хоспитализирани седум ковид пациенти
Објавено на 15 април, 2022 во 12:35
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани седум ковид пациенти од кои еден е сомнителен и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат тројца пациенти и на Интерно четворица, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка се двајца пациенти.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување примен е еден пациент.
Стефани Манева