Во велешка болница нема примено нови ковид пациенти
Објавено на 31 мај, 2021 во 12:32
На двете одделенија вкупно се хоспитализирани 11 ковид пациенти. Од нив шест се потврдени позитивни, тројца сомнителни и двајца со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение се лекуваат шест и на Интерно одделение пет ковид пациенти.
На кислородна поддршка се тројца пациенти, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Од велешката болница испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева