Во велешка болница се лекуваат 12 пациенти
Објавено на 18 август, 2021 во 18:14
На Инфективно одделение во велешка болница хоспитализирани се 12 ковид пациенти. Од нив, 11 се потврдени позитивни и еден пациент е сомнителен.
На кислородна поддршка се пет пациенти и во текот на денот испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест, соопшти портпаролката Д-р Елеонора Јованова.
Инсититутот за јавно здравје денеска регистрираше девет нови случаи на ковид-19. Со нив бројот на активни случаи во Велес се искачи на 70.
Стефани Манева