Во велешка болница се лекуваат 32 ковид пациенти
Објавено на 13 декември, 2021 во 11:42
Триесет и двајца ковид пациенти се лекуваат во велешка болница, од нив 17 се потврдени позитивни, пет се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување. Од хоспитализираните 18 пациенти се на кислородна поддршка, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 26 пациенти и на Интерно Б одделение шест пациенти.
Стефани Манева