Во велешка болница се лекуваат осум ковид пациенти
Објавено на 18 април, 2022 во 13:23

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани осум ковид пациенти од кои еден е потврден позитивен, двајца се сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение и на Интерно Б одделение се лекуваат по четворица пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка се двајца пациенти.
Во изминатите 24 часа нема ниту примени ни испишани пациенти.
Стефани Манева
